Во рамките на проектот,,Воспоставување аналитички алатки за следење на реформите за поддршка на правосудниот сектор во РСМ‘‘, ЦПИА подготви Функционална анализа на Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Во рамките на оваа функционална анализа подробно се проучуваат надлежностите на Министерството за правда, моменталната организациска поставеност и структура, човечките капацитети, финансиските ресурси, информатичко-комуникациските ресурси и стратешкото планирање. Идејата на функционалната анализа, како алатка за управување со промените, е да се утврдат и истакнат предизвиците во работата на Министерството, за потоа да се понудат препораки за нивно надминување преку изработка на План за подобрување.

Анализата е достапна на следниот линк:

Функционална анализа за Министерство за правда на РСМ.pdf