Документот за јавни политики е подготвен во рамките на проектот ,,Воспоставување на ефикасна и ефективна еколошка правда‘‘ имплементиран од страна на ЦПИА, финансиран од UK Aid преку Владата на Обединетото Кралство.

Целта на проектот е да се воведе модел на политика за ефикасен надзор и спроведување на еколошките политики и регулативи зајакнувајќи ја имплементацијата на меѓународните еколошки стандарди. Проектот е фокусиран да ги идентификува проблемите поврзани со надзорот над спроведувањето на законодавството за животна средина и преку широк консултативен процес да обезбеди препораки кои ќе ја подобрат еколошката ревизија и спроведувањето на регулаторната рамка за животната средина.

Документот може да го преземете на следниот линк.