Во рамките на временскиот период од 1 мај 2015 до 31 март 2016 година, ЦПИА, поддржан од Британската амбасада Скопје го спроведе проектот „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во Македонскиот правен систем“.

Проектот овозможи креирање на поволни услови за поддршка на воспоставувањето на унифицирана судска пракса и ја зајакна улогата на судската практика во македонскиот правен систем во согласност со стандардите на ЕУ. 

Оваа заложба опфати:
• Сеопфатна и целосна процена на постојната ситуација во судството, вклучувајќи и преглед на правната рамка,
• Создавање на мрежа од квалификувани и образовани чинители во правосудниот систем, коишто се залагаат за промени, преку наменски обуки, при што се користеше експертиза од Обединетото Кралство и know-how, и
• Предлог на спецификации за IT решенија како поддршка на сообразноста на јуриспруденцијата

Експерти од Обединетото Кралство придонесоа кон дизајнот и имплементацијата на сет од конкретни мерки, користејќи ги најдобрите практики на ЕУ, со цел да се обезбедат услови за полноправен систем на конзистентна и хармонизирана судска пракса, како и униформно толкување на правото, вклучувајќи, исто така, и обуки за селектирани судии и судски службеници од сите судски инстанци. Сите клучни чинители беа активно вклучени во процесот на изнаоѓање на решенија, создавање на идеи и предлози за промени, преглед на релевантната правна рамка во согласност со барањата за поголем квалитет на јуриспруденцијата, како и развивање на предлози за правни лекови.  

Проектот поддржуваше активности коишто имаа за цел да ја зголемат довербата на јавноста во судството преку зголемена транспарентност на судските одлуки. Новата практика и примената на адекватни IT решенија, како што е автоматско објавување на сите судски одлуки, ќе придонесе кон понатамошниот развој на унифицирана судска пракса. 

Релевантни чинители, односно засегнати страни во рамките на овој проект се: 
1. Врховен суд, претседатели на судови, Судски совет и Совет на јавни обвинители, вработени во судска администрација
2. Министерство за правда
3. Професионални организации и здруженија на судии, јавни обвинители, адвокати, извршители, нотари, медијатори, правни експерти
4. Академија за судии и јавни обвинители

Очекувани резултати:
1.Сеопфатна и целосна анализа на состојбата во врска со судската пракса во македонските судови 
2.Зајакнати капацитети на судиите и судската администрација во обезбедувањето на поголема унифицираност на судската пракса 
3.Предложени креативни технички решенија за  стандардизација и хармонизација на судската пракса во рамките на судскиот информативен систем 
4.Предлози за поголема хармонизација на судската пракса