Започна имплементацијата на проектот „Подобрување на испораката на правдата во Република Северна Македонија“.

Во периодот од јуни 2019 до март 2020, Центарот за правни истражувања и анализи и ревизорската куќа PriceWaterhouse Cooper- PWC Mакедонија го спроведуваат проектот “Зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведување на правдата во Република Северна Македонија преку подобрување на перформансите на правосудните институции”  (Скратено име: Подобрување на испораката на правдата во Република Северна Македонија).

Проектот е одговор на потребите и предизвиците во Република Северна Македонија за зајакнување на правосудните институции. Проектот ќе воведе алатки и процеси кои ќе промовираат полесен пристап до правдата за граѓаните и ќе ја зајакнат довербата во јавните институции. Ова се предуслови за пристапување на земјата кон ЕУ како главен стратешки приоритет на Република Северна Македонија.

Целта на проектот е да се овозможи поддршка за реформи на правосудството и да се подобри ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на правниот сектор преку зајакнување на капацитетите на повисоките судови и јавното обвинителство. Целта ќе се постигне преку исполнување на следните резултати:

·  Резултат 1: Подобрена организациска, административна, и техничка ефикасност и ефективност на управувањето врз основа на подготовка функционални анализи и планови за подобрување како и врз основа на Извештајот од матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството

·  Резултат 2: Подобрени практики за управување, организациска поставеност, буџетирање и човечки ресурси на јавните обвинителства врз основа на функционалните анализи и планови за подобрување како и Извештајот од матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството

·  Резултат 3: Зајакнување на свеста за придобивките од реформите и зајакната доверба и почит на јавноста кон правосудството и јавното правобранителство, преку подобрена внатрешна и надворешна комуникација и видливост на придобивките и достигнувањата на проектот.

Засегнати страни од проектот: Министерство за правда, Врховен суд, Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Штип, Апелационен суд Битола, Апелационен суд Гостивар, Јавно обвинителство, Судски совет и Судски буџетски совет.