Започнувајќи во јули 2016 до март 2018 година, ЦПИА ја имплементираше програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети за судии и мониторирање на судските реформи“ поддржана од Британската амбасада - Скопје.

Програмата имаше за цел да развие и имплементира алатка за проценка на перформансите на судскиот систем во Македонија и да ги подобри капацитетите на судството за униформирана примена на правото и се стремеше кон развој на алатки и методи кои ќе го поддржат македонскиот судски систем во неговите активности за зголемување на независноста и довербата.

Програмата беше имплементирана во временскиот период од јули 2016 до март 2018, преку 3 компоненти:

1. Воспоставување и имплементација на Матрицата на индикатори за правосудството
Резултати:
- Развој на методологија за проценка на придржувањето на судството со стандардите и принципите на ЕУ .
- Пилотирање на Матрицата на индикатори за правосудството во судскиот систем. 

2. Зголемени капацитети на судиите во униформирана примена на правото преку употреба на судската пракса
Резултати:
- Развој на Насоки за употреба на судска пракса.
- Градење капацитети за зголемена примена на судската пракса меѓу судиите и судските соработници (унификација на судската пракса).

3. Зголемена свест за економската вредност на правдата во судството и јавноста
Резултати:
- Подготвување, објавување и презентирање на cost benefit анализа на 30 избрани спорови од мала вредност .
- Стартување на кампања за подигање на јавната свест за вредноста на правдата.
- Подготвување на два документи за економската вредност на правдата за експертите и јавноста.

Релевантни чинители, односно засегнати страни на оваа програма се:

- Врховен суд, Виш Управен суд, сите Апелациони судови, Управен суд, сите Основни судови, вработени во судска администрација;
- Совет на Јавни обвинители, Судски Совет;
- Академија за судии и јавни обвинители;
- Јавно обвинителство;
- Министрство за правда;
- Адвокатска комора, Нотарска комора, Комора на извршители, Комора на медијатори;
- Здружение на судии, Здружение на Јавни обвинители, Здружение на судска администрација;
- Државен правобранител;
- Граѓански организации;