Центарот за правни истражувања и анализи започна со имплементација на проектот „Проект за добро управување со животна средина“.

Проектот има за цел да го подобри управувањето со животната средина преку обезбедување практични решенија за проблемите преку активен граѓански ангажман и експертска поддршка за важни политички, законодавни (особено во кривични предмети) и оперативни институционални промени со цел да се подобри владеењето на правото и управувањето со животната средина во државата.

Доброто управување со животната средина е од суштинско значење за постигнување одржлив развој и заштита на животната средина. Тоа е важен носител кое гарантира фер дистрибуција на квалитетот на животната средина меѓу сите социјални групи. Во 2020 година, GGF проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“ финансиран од Обединетото Кралство,а имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Центарот за стратешки истражувања при Македонската академија за наука и уметност (МАНУ) формира т.н. Платформа за еколошка правда , составена од претставници на релевантни институции за животна средина, граѓански организации и еминентни професионалци. Овој опфатен пристап во решавањето на регулаторните недостатоци во заштитата на животната средина е воведен за прв пат, создавајќи синергии меѓу научните актери (МАНУ), практичарите (експерти и ГО) и институциите (МЖСПП и други институции).

Оттука, овој проект се врти околу идејата дека партиципативните процеси кои вклучуваат комбинација на научен пристап и аналитички алатки се особено корисни за подобрување на управување со животната средина на повеќе нивоа. Проектот ќе поддржи креирање политики, законодавни и институционални промени што ќе го подобрат владеењето на правото во животната средина и ќе го зајакнат управувањето со животната средина во земјата во неколку области идентификувани со анализата на празнини и документот за јавни политики, развиен од проектот GGF имплементиран во 2020 година.

Цел на проектот:

Подобрени стандарди за управување со животната средина преку воспоставување на судски и регулаторни норми и протоколи кои ја регулираат имплементацијата на законите за животна средина во Северна Македонија.

Резултат 1: Основана работна група за животна средина (Environmental Task Force) за справување со еколошките злосторства на национално ниво преку спроведување на ефикасна и ефективна кривична истрага и гонење на незаконски дела против животната средина пред националните судови.

Резултат 2: Вклучување на нов пакет законски стандарди и одредби за подобрување на ефикасноста и ефективноста на истрагите и превенцијата на криминалот во областа на заштитата на животната средина.

Резултат 3: Изготвен и донесен изменет организациски акт за МЖСПП за јасно институционално разграничување помеѓу креаторите на политики и спроведувачите на политиките за животна средина.

Резултат 4:Зголемени капацитети на судии и јавни обвинители во врска со заштитата на животната средина.

Резултат 5: Зголемена улога на Уставниот суд во уставната заштита на правата на животната средина.

Временската рамка за спроведување на проектот е од 21-ви јуни 2021 до 31-ви март 2021 година. Проектот е дел од програмата Good Governance Fund, финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство.