Во рамките на временскиот период од 1 мај 2015 до 31 март 2016 година, ЦПИА, поддржан од Британската амбасада Скопје го спроведе проектот „Развивање на индикатори за мониторинг на перформансите на правосудството“

Проектот предлага да се осмисли иновативен и сеопфатен систем на индикатори врз основа на меѓународно признатите стандарди за судството и правната професија.

Проектот ги покани сите релевантни институции да придонесат кон содржината на индексот за мерење преку серија на консултативни тркалезни маси и веб форум.
Матрицата ќе се употребува од страна на различни заинтересирани страни за да се оцени напредокот преку призма на неколку фактори како стандарди поврзани со одредени аспекти во сферата на судството, вклучувајќи: квалитет, непристрасност, интегритет, независност, имунитет, обука, итн.

Проектот овозможи главните заинтересирани страни да го разберат овој инструмент како релевантен и сигурен и дека ќе послужи како платформа во идното креирање политики, промени во законодавството, поефективни мерки за поголемо влијание на реформите.
Со користење на индикаторите во согласност со претходно договорените стандарди и принципи на евалуација, ќе се овозможи проценка на резултатите од иницијалната имплементација на новоразвиениот мониторинг инструмент и по пат на широки дискусии со главните заинтересирани страни ќе бидат развиени предлози за подобрување на специфични сегменти на судската реформа.

Релевантни чинители, односно засегнати страни во рамките на овој проект се:
1. Врховен суд, Претседатели на судови, Судски совет и Совет на јавни обвинители
2. Министерство за правда 
3. Народен правобранител 
4. Професионални организации и асоцијации на: судии, јавни обвинители, адвокати, извршители, нотари, медијатори, итн. 
5. Академија за судии и јавни обвинители 
6. Правни експерти (Академија, правни компании, пензионирани судии, итн.) 
7. Граѓански здруженија

Очекувани резултати:
1.Компаративна студија за клучните принципи, постулати и стандарди на процесот на судски реформи применети во одредени селектирани земји
2.Зголемено разбирање помеѓу релевантните корисници на практиките на ЕУ и механизмите на мониторинг за поддршка на судските реформи
3.Финализирање на целосната верзија на матрицата на судски индикатори 

4.Пилотирање на матрицата на судски индикатори во пракса