Заеднички протокол за унифицирано спроведување и работење на секторот „Правда“.

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) заедно со Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ финансиран од страна на ЕУ, а ко-финансиран од Британската амбасада Скопје, подготвија документ ,,Заеднички Протокол за унифицирано спроведување и работење во секторот - Правда.

Во овој документ од страна на експерти и практичари во областа на правосудството беше изработена анализа на статусот на судските службеници во Република Северна Македонија, работните места, платата и стручното усовршување, потоа беше разработен компаративен законски осврт на Законот за судска служба (во однос на законот за вработени во јавниот сектор, законот за административни службеници, законот за буџетите, законот за народниот правобранител и законот за Собранието на РСМ), улогата и значењето на судската служба во остварувањето на правата на граѓаните, проблемите и недостатоците во работата на судската служба од аспект на ефикасност, ефективност и остварување на принципот на пристап до суд (е-судство). Како последен наслов од содржината подготвен е компаративен осврт на статусот на судската администрација во државите-членки на Европската Унија.

Документот има за цел да ја појасни актуелната состојба на вработените во судската администрација и да го нагласи значењето на функционирањето на истата во однос на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на работењето на судството во целост.

Заеднички Протокол за унифицирано спроведување и работење во секторот Правда.pdf