Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) од јули до ноември 2017 година, го спроведе проектот "Зголемена видливост на работата на Уставниот суд", кој е финансиран од Програмата на Швајцарската амбасада Цивика Мобилитас.

Проектот имаше за цел да ја зголеми видливоста во спроведувањето на правдата и јавната свест за постапката пред Уставниот суд во врска со спроведување на јавна расправа, со посебен осврт на одговорноста на држававата во спроведувањето на општите мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во рамките на утврдените повредина Конвенцијата.

Во рамките на проектот се спроведе истражување и анализа за одржувањето на јавни расправи по постапките поведени пред Уставниот суд, со посебен осврт на постапките по барање на заштита на слободата на изразување и правото на јавно изразување на мислата. Главните наоди и препораки од анализата Видливоста на Уставниот суд беа презентирани на тркалезна маса на која учествуваа засегнати страни. Врз основана информациите добиени од тркалезната маса беа изготвени препораки и заклучоци за подобрување на работата на Уставниот суд во врска со пресудите на ЕСЧП и одржувањето на јавни расправи.